Ekipa
01 Декември 2016•Ажурирај: 02 Декември 2016
БЕРЛИН (АА) - Германската полиција соопшти дека на влезот во земјата врши проверка на товарните возови кои доаѓаат од Австрија, откако десетици мигранти влегле во Германија како слепи патници преку тие возови во последните неколку недели, јавува Anadolu Agency (AA).
Федералната полиција истакна дека проверката на товарните возови започна во четвртокот во Раублинг, јужно од баварскиот град Розенхајм, на патот што води кон западните делови на Австрија и Италија.
Се додава дека полицијата во Баварија во октомври и ноември регистрирала 180 лица кои се решиле да тргнат на опасно патување, сместувајќи се не само внатре во возовите, туку и под нив.
Проверките претставуваат дополнителни мерки како што се зајакнување на полициските патроли на товарните терминали во Минхен. Полицијата изјави дека поради тоа е можно да дојде до промени во распоредот на возење.