Aldijana Hadzic
08 Мај 2022•Ажурирај: 09 Мај 2022
БЕРЛИН (АА) - Германската полиција денес спречи група демонстранти да истакнат големо знаме на Украина во текот на собирот пред советскиот воен споменик во Берлин, известува Агенција Анадолија (АА).
Луѓето се насобраа за да го одбележат Меѓународниот ден на сеќавање и помирување за оние што ги загубија животите во Втората светска војна.
Полицијата не ѝ дозволи на групата да истакне украински и руски знамиња.
Споменикот на ослободителот е подигнат во знак на сеќавање на војниците на Црвената армија кои загинаа во борбата за Берлин во 1945 година.