Cüneyt Karadağ
20 Декември 2021•Ажурирај: 21 Декември 2021
БЕРЛИН (АА) - Германската министерка за одбрана, Кристина Ламбрехт, истакна дека солидарноста меѓу НАТО-сојузниците е многу важна, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Ламбрехт ги посети германските војници во Литванија.
Во изјавата дадена во Латвија, Ламбрехт, укажувајќи на важноста на солидарноста меѓу сојузниците во НАТО, рече: „Ние стоиме покрај нашите партнери и пријатели.“
Ламбрехт изрази уверување дека тензичната ситуација во источна Украина треба да се реши со дипломатски средства.
Потенцирајќи дека Германија во рамките на активноста на НАТО, „Проширено напредно воено присуство“, ќе продолжи да ги поддржува балтичките земји, кои се загрижени поради Русија, Ламбрехт рече дека ситуацијата во Украина е сериозна и тие внимателно го следат развојот на настаните.
„Можам да ја разберам загриженоста на нашите балтички сојузници кои се чувствуваат загрозени“, додаде Ламбрехт.