свет

Германија ја прекина мисијата за воена обука во Ирак

Портпаролот на Министерството за одбрана изјави дека германските вооружени сили привремено ги запреле своите активности од воената обука, поради затегнатата безбедносна ситуација низ Ирак

Ayhan Şimşek  | 15.05.2019 - Обновена : 16.05.2019
Германија ја прекина мисијата за воена обука во Ирак

БЕРЛИН (АА) - Германија ја прекина својата мисија за воена обука во Ирак поради зголемените тензии меѓу Соединетите Американски Држави (САД) и Иран, јавува Anadolu Agency (AA).

Говорејќи на прес-конференцијата во Берлин, портпаролот на Министерството за одбрана, Јенс Флосдорф, изјави дека германските вооружени сили привремено ги запреле своите активности од воената обука во Ербил и кампот „Таџи“ во северниот дел на Багдад поради затегнатата безбедносна ситуација низ Ирак.

Флосдорф изјави дека одлуката била донесена по консултациите со другите сојузници и партнери во коалицијата против ДЕАШ.

САД денес наредија персоналот да го напушти Ирак, освен персоналот за итни состојби, поради зголемените тензии меѓу Вашингтон и Техеран.

Германија е активен партнер на меѓународната коалиција против терористичката организација ДЕАШ од 2015 година и има распоредено речиси 150 војници во северниот ирачки град Ербил, за да ги тренира локалните сили.

Во моментот околу 100 германски војници се стационирани во Ербил, додека 60 други се распоредени во Багдад за тренирање на ирачкиот воен персонал.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın