Ekipa
03 Јануари 2017•Ажурирај: 04 Јануари 2017
БЕРЛИН (АА) - Министерот за внатрешни работи на Германија предложи да се формираат федерални центри за депортација, со цел да се поедностави процесот за депортација на одбиените баратели на азил, јавува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за предлогот на Томас де Мезиер, по нападот што се случи минатиот месец, на Божиќниот пазар во Берлин.
Германската Влада вети дека ќе испита дали е неопходно да се сменат законите што се однесуваат на забрзување на депортацијата на одбиените баратели на азил по 19 декември 2015 година, кога во Берлин загинаа 12 лица. За нападот е осомничено лице од Тунис што претходно аплицирало за азил во Германија.
Де Мезиер за весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ изјави дека е неопходна подобра соработка меѓу владите на германските држави, и додаде дека е најдобро центарот за депортацијата на одбиените азиланти да биде изграден во близина на аеродромот.
Тој истакна дека веќе го претставил нацрт-законот со кој ќе ѝ биде овозможено на владата да ги депортира азилантите и оние кои се сметаат за потенцијална закана.