Ayhan Şimşek
25 Март 2024•Ажурирај: 29 Март 2024
БЕРЛИН (АА) - Најмалку три лица загинаа, а повеќе од десет се повредени во пожар во куќа во Западна Германија, соопштија властите, пренесува Анадолу.
Пожарот избувна во раните утрински часови на првиот кат од четирикатна куќа во Солинген и брзо излезе од контрола, изјави портпаролот на противпожарната служба за јавниот радиодифузен сервис ВДР.
Најмалку 16 лица се спасени, од кои девет се пренесени во болница, а двајца се во тешка состојба, според портпаролот. На неколкумина други им била укажана лекарска помош на самото место поради вдишување чад и лесни повреди.
Локалните медиуми објавија дека дрвените скали на старата зграда брзо се запалиле за време на пожарот, луѓето од горните катови останале заробени, а некои од нив се обиделе да скокнат од прозорците за да го спасат животот.
Причината за пожарот не е откриена. Полицијата соопшти дека истрагата е во тек во соработка со други државни органи.