Erbil Başay
28 Јуни 2016•Ажурирај: 28 Јуни 2016
БЕРЛИН (АА) - Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Германија, Мартин Шефер, рече дека неговата земја сака политичките односи со Турција што е можно побрзо да се нормализираат, јавува Anadolu Agency (AA).
Шефер на прес-конференција во Берлин изјави дека Германија и Турција покрај НАТО, се партнери и кога станува збор за борбата против ДАЕШ.
„Ние сакаме што е можно поскоро политичките односи повторно да се нормализираат. Не само односите меѓу владите на двете земји, туку и двата парламента”, изјави Шефер.
Тој посочи дека тоа ќе биде главната цел, и дека во наредните контакти со Владата на Република Турција и Министерството за надворешни работи ќе биде направено сè таа цел и да се оствари.
Портпаролот на Министерството за одбрана изјави дека соработката на воен план е одлична, а министерот за одбрана Урсула фон дер Левен, изјави дека подготовките се во тек за официјална посета на Турција.