Cüneyt Karadağ
09 Јули 2022•Ажурирај: 11 Јули 2022
БЕРЛИН (АА) - Германскиот федерален Парламент ја одобри одлуката на Владата за испраќање трупи во Мировната мисија на Европската Унија (ЕУ) во Босна и Херцеговина и продолжување на мандатот на нејзините вооружени сили распоредени на Косово како дел од меѓународните мировни сили предводени од НАТО за уште една година, јавува Агенција Анадолија (АА).
Задачите на двете мисии беа одобрени од германската владина коалиција - Социјалдемократите, Зелените и Слободните демократи - за време на гласањето во Бундестагот.
Германија ќе испрати 50 војници во силите на ЕУ во Босна и Херцеговина (ЕУФОР) по повлекувањето на војниците пред 10 години.
Во меѓувреме, мандатот е продолжен за уште една година и на 400 германски војници кои служат во мисијата на НАТО-силите на Косово (КФОР).
Германската армија е во Косово од 1999 година како дел од меѓународната мисија.
Операцијата „Алтеа“, формално ЕУФОР, е воено распоредување во Босна и Херцеговина, што започна во 2004 година за да се надгледува военото имплементирање на Дејтонскиот мировен договор и за осигурување на безбедноста во земјата.