Ahmed Asmar
20 Март 2025•Ажурирај: 20 Март 2025
АНКАРА (АА) – Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок денес повторно ја отвори Амбасадата на Германија во сирискиот главен град Дамаск, откако 13 години беше затворена, јавува Анадолу.
„Министерката Бербок официјално повторно ја отвори Амбасадата на Берлин во Дамаск“, објави на социјалната мрежа X германскиот специјален пратеник за Сирија, Штефан Шнек.
„Мило ни е што ќе работиме блиску со сите Сиријци за подобра Сирија“, додаде тој.
Шнек истакна дека работниот тим во Амбасадата засега останува во мал број.
„Визите и конзуларните услуги ќе продолжат да се обработуваат од Бејрут во наредниот период“, објасни тој.
Многу арапски и странски држави ги затворија своите дипломатски мисии во Сирија поради насилното задушување на продемократските протести од страна на соборениот режим на Башар ал-Асад во 2011 година.
Асад, кој владееше со Сирија речиси 25 години, избега во Русија откако антирежимските групи ја презедоа контролата врз Дамаск на 8 декември, со што заврши владеењето на партијата Баас, која беше на власт од 1963 година.
Ахмед ал-Шара, кој ги предводеше силите што го соборија Асад, беше прогласен за претседател на преодната влада кон крајот на јануари.