Ayhan Şimşek
04 Ноември 2021•Ажурирај: 05 Ноември 2021
БЕРЛИН
Во Германија по првпат оваа година во текот на изминатите 24 часа се регистрирани повеќе од 30.000 случаи на заразување со коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Институтот „Роберт Кох“ потврди дека во текот на изминатиот ден се регистрирани 33.949 случаи на заразување со коронавирусот, со тоа бележејќи нови рекордни бројки во актуелниот четврт бран на пандемијата.
Од Институтот е потврдено дека 165 лица починале како последица на вирусот, а повеќе од 1.100 лица се хоспитализирани,
Сериозно заболени лица од вирусот се 2.226 и се лекуваат на единиците за интензивна нега, а 1.172 од нив се на респиратор.
„Германските болници во моментов имаат речиси 22.000 кревети за интензивна нега, но речиси 89 отсто од нив се зафатени“, се вели во извештајот на итна медицина.
Недостигот на персонал останува сериозен проблем за болниците, бидејќи многу здравствени работници беа исцрпени и ги напуштија своите работни места за време на пандемијата.