Cüneyt Karadağ
29 Септември 2024•Ажурирај: 02 Октомври 2024
БЕРЛИН (АА) - Германија нема да дава државјанство на оние кои споделуваат, лајкуваат или коментираат на слоганот „Од реката до морето“ на социјалните мрежи, слоган поврзан со поддршката за Палестина, објавија денес германските медиуми, пренесува Анадолу.
Северногерманското радио и телевизија (НДР) соопшти дека лицата кои го споделуваат, лајкуваат или коментираат на слоганот „Од реката до морето“ на социјалните мрежи, нема да имаат право на германско државјанство
Новите прописи на германското Министерство за внатрешни работи нагласуваат дека користењето на овој слоган ќе ги дисквалификува поединците да станат германски државјани.
Корените на слоганот датираат од 1960-тите години, со кој се алудира на целосно ослободување на Палестина од реката Јордан до Средоземното Море.
Оваа одлука следи по донесувањето на германскиот закон за двојно државјанство на 27 јуни.