Oliver Towfigh Nia
29 Јуни 2023•Ажурирај: 30 Јуни 2023
БЕРЛИН (АА) - Самитот на Европската Унија (ЕУ) во Брисел оваа недела ќе биде посветен на зајакнувањето на политичките и економските односи со Туркије, изјави вчера неименувана германска претставничка, јавува Анадолу.
„Односите со Туркије, исто така, се важно прашање за нас. Туркије е и останува важен партнер во трговската, безбедносната и миграциската политика, но и во севкупната стратегиска ситуација“, изјави високо рангирана функционерка пред претставниците на медиумите во Берлин.
Како што рече таа, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган е повторно избран и ЕУ го користи ова како можност уште еднаш да фрли широк поглед на односите со Туркије.
„Ние сме, исто така, посветени на започнувањето на оваа дискусија“, додаде таа.
Официјалната претставничка рече дека целта е да се освежат односите по повторниот избор на Ердоган.
„Она што едноставно сакаме е да ги вратиме односите меѓу ЕУ и Туркије на дневен ред и, така да кажам, да ја искористиме можноста на изборите во Туркије за евентуално да ги ревитализираме, доколку сите страни сакаат да се посветат на тоа“, нагласи таа.
„Конкретни предлози за интензивирање на односите меѓу ЕУ и Туркије би можеле да бидат претставени на Самитот наесен“, додаде тој.
На Самитот ќе се фокусираат и на војната во Украина, а лидерите на ЕУ ќе ја повторат својата поддршка за Киев.