Erbil Başay
09 Февруари 2019•Ажурирај: 10 Февруари 2019
БЕРЛИН (АА) - Во Берлин, главниот град на Германија, една девојка со шамија била нападната, а во еден друг настан, две млади Сиријки биле удрени со тупаница в лице, јавува Anadolu Agency (AA).
Берлинската полиција соопшти дека во берлинскиот округ Нојкелн, неидентификувана жена синоќа нападнала 12-годишно девојче со шамија.
Во соопштението се наведува дека во настанот агресивната жена се обидела да му ја тргне шамијата на девојчето, влечејќи го за коса и навредувајќи го со ксенофобични изјави, при што, му се заканувала дека ќе го боцне со шприц во кој има крв и ќе го испрска со солзавец.
Жената напаѓач избегала од местото на настанот пред да пристигне полицијата, а девојчето со шамија поминало со полесни повреди.
Во еден друг настан што се случи на плоштадот „Хелен Вајгел“ во берлинскиот округ Марцан, непознато лице им се приближило на две млади сириски девојчиња на 15 и 16-годишна возраст и им се обратило со зборови полни со ксенофобија.
Во соопштението се вели дека потоа напаѓачот со тупаница ги удрил двете девојчиња по лице, по што се оддалечил од местото на настанот, и дека тие, поради здобиените рани на лицето се префрлени во болница каде што биле третирани амбулантски.
Полицијата информираше дека државните безбедносни единици започнале истрага во врска со двата настани.