Erbil Başay
05 Септември 2019•Ажурирај: 07 Септември 2019
БЕРЛИН (АА) - Во периодот од јануари до јуни во 2019 година во Германија биле извршени 609 напади врз бегалците, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на весникот „Ное оснабрукер цајтунг“ (Neue Osnabrücker Zeitung), во одговорот на германската Влада во врска со пратеничкото прашање од парламентарната група на Левичарската партија, се наведува дека во првата половина на оваа година во земјата биле регистрирани 609 напади врз бегалците, и дека речиси сите од овие напади биле извршени од екстремни десничари.
Исто така, се вели дека меѓу овие напади се наоѓаат и кривични дела против бегалците, како навреда, провокација, предизвикување пожар и ранување.
Се истакнува дека во истиот период биле извршени 60 напади врз бегалски домови и 42 напади врз организациите за помагање на бегалците или врз активистите кои волонтирале во нив, и се наведува дека во овие напади биле повредени вкупно 102 лица, од кои 7 деца.
Се нагласува дека 160 од овие напади биле извршени во германската покраина Брандербург.