Ekip
05 Октомври 2020•Ажурирај: 06 Октомври 2020
АНКАРА
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој се наоѓа во посета на Турција, истакна дека Турција е сојузник кој го ценат многу, јавува Агенција Анадолија (АА).
Столтенберг во рамки на неговата посета се состана со турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, а по средбата одржаа заедничка прес-конференција.
Генералниот секретар на НАТО изрази задоволство што се наоѓа во Анкара и што се сретнал повторно со Чавушоглу, упатувајќи благодарност поради срдечниот пречек.
Тој нагласи дека Турција дава голем придонес во заедничката безбедност на НАТО.
„Турција заедно со сојузниците и партнерите даде придонес преку осигурување многу значајна поддршка во нашата борба против Ковид-19“, рече тој.
Според него, Турција е една од земјите кои даваат најголем придонес во Мисијата на НАТО во Авганистан.
„Тука има за цел обезбедување на условите потребни за мир. Исто така, давате голем придонес во нашите мисии во Косово и Ирак, и играте многу голема улога во борбата против тероризмот. Турција е сојузник кој го цениме многу, и кој на различни начини му дава придонес на НАТО“, истакна Столтенберг, генералниот секретар на НАТО.