Burç Eruygur
20 Април 2023•Ажурирај: 20 Април 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денес пристигна во ненајавена посета на украинскиот главен град Киев, изјави пратеникот на украинскиот Парламент, Олексеј Гончаренко, пренесува Анадолу.
Сликите споделени на социјалните мрежи покажуваат како Столтенберг им оддава почит на паднатите украински војници на плоштадот Свети Михаил во центарот на Киев.
Ова е прва посета на Столтенберг на земјата од почетокот на руско-украинската војна во февруари минатата година.