Ömer Yetkin Acar
29 Април 2017•Ажурирај: 30 Април 2017
САО ПАОЛО (АА) - Поради еднодневниот генерален штрајк на бразилските работници, кој се однесува на реформите за права на работниците и пензискиот систем, улиците на поголемиот дел од бразилските градови беа празни и мирни, а пред мракот дојде и до судири помеѓу демонстрантите и полицијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Со оглед на тоа што на штрајкот се придружија и работници на компаниите на јавен превоз, во поголемиот дле од градовите владееше тишина. На почетокот од денот одредени групи со палење на гуми ги блокираа влезовите на аеродромите и терминалите, но со интервенција на војската и полицијата овие патишта за кратко време беа повторно пуштени во сообраќај.
Собирот започна пред вечерните часови, а кога падна мрак дојде и до судири на демонстрантите и полциијата.
Претседателот на Бразил, Мишел Темер ги поддржа реформите кои владата сака да ги спроведе преку Конгресот. Темер изјави дека политичките митинзи и собирања во земјата се одржуваат без никакви проблеми, и дека најмалите групи имаат обезбедено право на изразување.
„Според нашите законски правила, нивото на кое е можно да се дискутира за реформите е Конгресот. Во врска со тоа, ќе се продолжат опширни и потполно отворени дискусии", изјави Темер, изрази жалење поради насилството до кое дојде за време на штрајкот.
Од Владата на Бразил е соопштено дека учеството на работниците во генералниот штрајк било помалку од очекувано.
Владата на Мишел Темер, беше на мета на критики во Бразил откако ја предложи реформата за правата на работниците во оваа земја, како и реформата на пензискиот систем.Се очекува еднодневниот штрајк дека би можел да биде продолжен низ масовните демонстрации во понеделник на 1 мај.