Şeyma Uzundere
27 Август 2021•Ажурирај: 01 Септември 2021
ВАШИНГТОН
Врховниот суд во САД ја укина регулативата со која се забранува иселување на потстанарите од становите за време на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид -19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во одлуката на Судот се наведува дека американскиот Центар за превенција и контрола на болести (CDC) нема овластување да ја продолжи регулативата за забрана на иселување без одобрување од Конгресот, додавајќи дека Конгресот треба да издаде специјална дозвола за продолжување на мораториумот.
Џенифер Псаки, портпаролката на Белата куќа, изјави дека „се разочарани“ од одлуката на Судот и ги повика сите институции и организации да преземат акција за да го спречат иселувањето на потстанарите од становите во кои живеат.
На 3 август, американскиот Центар за превенција и контрола на болести издаде национален мораториум за иселување на потстанарите заклучно со 3 октомври. Регулативата, која истече со одлуката, беше продолжена за два месеци.
Со регулативата привремено беше спречено иселување на потстанарите во подрачјата со зголемен број на случаи на високозаразната варијанта Делта која стана доминантен вид во САД.
Се наведува дека со одлуката на Судот која повторно дозволува иселување на потстанарите, ќе бидат опфатени околу 3,5 милиони луѓе.
Се очекува афроамериканските и шпанските заедници да бидат најпогодени од иселувањето.