Jeyhun Aliyev
11 Октомври 2018•Ажурирај: 13 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - Агенцијата за статистика на Европската Унија (Евростат) денес објави дека траењето на работниот век во Европската Унија во 2017 година изнесувало 35,9 години, пренесува Аnadolu Agency (AA).
Евростат истакнува дека работниот век во земјите членки на ЕУ се зголемил за 0,3 во однос на претходната година, а е за три години подолг од 2000 година.
Проценетото времетраење на работниот век меѓу земјите членки на ЕУ во 2017 година се движело од 32 години во Италија до 42 години во Шведска.
Минатата година, просечното времетраење на работниот век во земјите од ЕУ кај мажите изнесувало 38,3 години, додека кај жените 33,4 години.
Работниот век кај мажите бил подолг отколку кај жените во поголемиот дел од земјите членки, со исклучок на Литванија и Латвија, односно во Литванија жените имаат подолг работен век, додека во Латвија немало голема разлика во работниот век меѓу двата пола.
Во извештајот за 2017 година се истакнува дека во Малта е регистрирана најголемата разлика во должината на работниот век меѓу мажите и жените од сите земји на ЕУ, од цели 12 години.
Извештајот открива дека должината на работниот век во Турција минатата година изнесувал 29 години.
Во еврозоната, предвиденото времетраење на работниот век во 2017 година изнесувало 35,6 години, додека во 2000 година 32,2 години.
Во извештајот се вклучени земјите од Европската Унија и некои земји кандидати, како и земјите од Европската асоцијација за слободна трговија (EFTA).
„Индикаторот за времетраењето на работниот век проценува колку долго лицето што има 15 години ќе биде активно на пазарот на трудот за време на неговиот живот. Индикаторот го покажува просекот за дадената земја и година“, се додава во извештајот.