Associated Press
03 Јуни 2022•Ажурирај: 03 Јуни 2022
БЕРЛИН (АА) - Воз излета од шините во јужна Германија, при што се повредени неколку лица, соопшти полицијата, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Возот излетал од шините денеска рано попладне во областа Бургреин, во близина на алпското одморалиште Гармиш-Партенкирхен.
Портпаролот на полицијата, Стефан Зонтаг, за новинската агенција ДПА изјави дека неколку лица се повредени, но не се знае степенот на повредите.
Засега нема информации колку луѓе имало во возот во моментот на несреќата.