Riyaz Khaliq Khaliq
01 Август 2023•Ажурирај: 02 Август 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Воената хунта во Мјанмар денес одобри државно помилување на затворената лидерка Аунг Сан Су Ќи, пренесува Анадолу.
Помилување ќе добие и поранешниот претседател Вин Мјинт, објави новинската агенција „Мјанмар нау“.
Поранешните лидери на Националната лига за демократија се в затвор од пучот во февруари 2021 година.
Помилувањето доаѓа еден ден откако хунтата ја продолжи вонредната состојба во земјата за шест месеци, четврти пат од државниот удар.
„Помилувањето нема да ги ослободи Аунг Сан Су Ќи и претседателот Вин Мјинт од сите наведени прекршоци, туку само ќе им ги намали казните“, се додава во веста.
Минатиот месец имаше наводи дека Су Ќи се согласила на дијалог без никакви услови.
Помилувањето доаѓа и откако министерот за надворешни работи на Тајланд, Дон Прамудвинаи, им кажа на своите колеги од Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија (ASEAN) дека неодамна се видел со Су Ќи.