Islam Uddin
24 Јануари 2023•Ажурирај: 25 Јануари 2023
СЕУЛ (АА) – Јужна Кореја денес го забележа најстудениот ден во сезоната, со температура од -25,5 степени Целзиусови во главниот град Сеул и -39,3 степени во северниот дел на земјата, објавија локалните медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Утринските ниски температури во Сеул паднаа на -16,4 степени Целзиусови и -25,5 степени Целзиусови во северната област Чеорвон, која граничи со Северна Кореја, соопшти државната метеоролошка агенција Корејската метеоролошка управа (KMA).
Обилните снежни врнежи и силните ветрови, исто така, предизвикаа откажување на 466 домашни летови во некои делови од земјата во период кога луѓето се враќаа од прославата на лунарната Нова година, пренесува Јонхап њуз.
Спречена е и пловидбата на стотици патнички бродови низ целата земја.
КМА за среда прогнозираше ниска температура која ќе се движи од -9 до -23 степени.
Фотографиите објавени од метеоролошката агенција покажаа снежна бура во градот Џеџу на најголемиот јужнокорејски остров и обилни снежни врнежи во југозападниот град Гвангжу, што предизвика прекини во транспортот на патниците кои се враќаа дома по четиридневниот празник лунарна Нова година.