Saadet Gökce
03 Декември 2025•Ажурирај: 04 Декември 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Тимовите за пребарување на Хонгконг денес продолжија да бараат 31 лице кое сè уште се водат како исчезнати по пожарот кој зафати станбен комплекс и одзеде 159 животи, известува Анадолу.
Во пожарот се повредени 79 лица, вклучувајќи 12 пожарникари, објави „Саут Чајна Морнинг Пост“.
Независен комитет предводен од судија ќе спроведе истрага за смртоносниот пожар.
Главниот извршен директор Џон Ли Ка-чиу изјави дека изборите за Законодавниот совет ќе се одржат во недела како што е закажано, и покрај претходните шпекулации дека би можеле да бидат одложени поради пожарот.
Хонгконг го доживеа најстрашниот пожар во последните децении минатата недела во областа Ванг Фук Корт во Таи По, кој траеше 43 часа, зафаќајќи седум станбени блокови, со повеќе од 1.900 станови.
Властите во Хонгконг соопштија дека лесно запаливиот стиропор и нестандардната мрежа предизвикале брзо ширење на пожарот.
Властите им наредија на 300 згради во Хонгконг да ја отстранат мрежата од скелињата до сабота.
Комплексот згради што беше зафатен од пожарот се состои од 8 кули со проценето население од над 4.000 лица.
Досега, властите приведоа 21 лице, вклучувајќи го главниот изведувач, инженерски консултант и подизведувач од компанијата за скелиња.