Во Хан Јунис дистрибуирана храна за Палестинците во Газа, кои се принудени на глад од Израел
- Немилосрдните и деструктивни напади на израелската армија врз опколениот Појас Газа продолжуваат, а „хуманитарната криза“ во регионот го достигна својот врв поради ембаргото за влез на хуманитарна помош во палестинската енклава од страна на Израел

ХАН ЈУНИС (АА) - Немилосрдните и деструктивни напади на израелската армија врз опколениот Појас Газа продолжуваат, а „хуманитарната криза“ во регионот го достигна својот врв поради ембаргото за влез на хуманитарна помош во палестинската енклава од страна на Израел, известува Анадолу.
Една добротворна организација дистрибуираше топли оброци во близина на шаторите каде што престојуваат раселените Палестинци во областа Маваси во Хан Јунис, во јужниот дел на Газа.
Палестинците, кои не можат да пристапат до основни прехранбени производи поради блокадата, со часови чекаа во долги редици под сонцето само за да дојдат до малку храна. Ограничувањата на Израел за воздушна и копнена помош го спречуваат решавањето на кризата со глад во регионот.
Во Појасот Газа од 7 октомври 2023 година досега од глад починале 376 Палестинци, од кои 134 се деца.