Elena Teslova
24 Јануари 2024•Ажурирај: 24 Јануари 2024
МОСКВА (АА) - Сите 74 лица загинаа во авионската несреќа што се случи во рускиот регион Белгород, соопшти гувернерот на тој регион, Вјечислав Гладков, пренесува Анадолу.
„Авион од типот Il-76 се урна во близина на населбата Корочанскиј во Белгородска Област. Надлежните служби работат на утврдување на причините за несреќата на самото место. Сите лица во авионот ги загубија животите“, наведе гувернерот Гладков во соопштението објавено на социјалната мрежа Телеграм.
Рускиот воен авион, кој тргнал кон Украина заради размена на заробеници, се урнал во регионот Белгород пред да ја прелета границата, објави Москва ова утро.
„Во авионот имало 65 заробени војници на Вооружените сили на Украина, шест члена на екипажот на авионот и три члена на придружбата“, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.