Mehmet Nuri Uçar,Yosra Ouanes
10 Мај 2019•Ажурирај: 12 Мај 2019
ТУНИС (АА) - Најмалку седумдесет лица го загубија својот живот како резултат на потонувањето на чамец со илегални мигранти на отворени води кај градот Сфакс, кој се наоѓа во јужниот дел на Тунис, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на официјалната новинска агенција на Тунис, ТАП, потонал чамец со илегални мигранти со потекло од Африка на отворени води кај градот Сфакс, кој се наоѓа во јужниот дел на земјата. Во несреќата загинаа најмалку 70 лица.
Се вели дека 16 мигранти биле спасени од страна на рибарите во регионот, а се претпоставува дека чамецот тргнал од Либија.
Во тек се операции во морето за пребарување и спасување.