Sinan Doğan
18 Ноември 2021•Ажурирај: 18 Ноември 2021
БОГОТА
Во Мексико, во истрагите извршени во една тајна гробница пронајдени се 65 тела, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста во мексиканските медиуми, голем број тела се пронајдени во тајна гробница во градот Алварадо во државата Веракруз.
Надлежните информираа дека ексхумацијата на вкупно 65 тела се врши под надзор на Обвинителството и полицијата.
Се нагласува дека истрагите во регионот ќе продолжат и дека ќе се работи на утврдување на причините за смртта на лицата.
Според проценките, жртвите се убиени меѓу 2011 и 2012 година како резултат на пресметката меѓу бандите. На мртвите тела пронајдени се лични работи, банкарски картички и лични податоци.
Податоците на Националната комисија за пребарување при Министерството за внатрешни работи укажуваат дека државите Веракруз, Синалоа, Колима, Гуереро и Сонора се места каде што се откриени најголем број на тајни гробници во земјата.
Според извештаите на Комисијата за пребарување во Мексико, нема информации за 94.500 лица кои се пријавени за исчезнати во земјата.