Büşra Selvi Öğütcen
13 Јануари 2021•Ажурирај: 14 Јануари 2021
ТЕРА ХОУТ (АА) - Првпат во Соединетите Американски Држави (САД) од 1953 години е извршена смртна казна на затвореничка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Лиса Монтгомери (52) е погубена во 13.31 по локално време во сојузниот затвор во Тера Хоут во сојузната држава Индијана.
Монтгомери е осудена на смрт во 2007 година поради убиството на 23-годишната Боби Џо Стинет во осмиот месец на бременоста во Мисури, по што го извадила нејзиното бебе од стомакот, кое преживеа.
Погубувањето на Монтгомери беше прва смртна казна за затвореничка во САД во последните 68 години.
Кели Хенри, адвокатката на Монтгомери, тврди дека оние кои учествувале во погубувањето на нејзината клиентка треба да се засрамат, тврдејќи дека тоа погубување е далеку од законот.
Обвинителите изјавија дека Монтгомери внимателно го осмислила убиството и утврдено е дека гледала видеоснимки од царски рез преку интернет.
Во затворот на Тер Хоут, 11 затвореници кои се осудени на смрт се погубени со отровна инекција од јули 2020 година.