Aida Cako
12 Февруари 2025•Ажурирај: 12 Февруари 2025
КИЕВ (АА) - Во Киев е извршен руски ракетен напад во кој загина едно лице, а повредени се четири, меѓу кои и едно дете, објави Украинската државна служба за вонредни состојби, пренесува Анадолу.
Нападот предизвика пожари и значителна штета на деловни згради, магацин и покрив на станбена зграда.
Службите за брза помош веднаш излегоа на местото на настанот и потврдуваат дека сите пожари се изгаснати.
Војната помеѓу Русија и Украина започна на 24 февруари 2022 година, пред речиси три години.