Saadet Gökce
26 Ноември 2025•Ажурирај: 27 Ноември 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Загинаа најмалку четири лица, меѓу кои еден пожарникар, а тројца се повредени кога во Хонгконг денес избувна голем пожар во станбен комплекс, јавува Анадолу.
Двајца од повредените се во критична состојба, а третиот е во стабилна состојба, според противпожарната служба, објави „Хонгконг фри прес“.
Пламените јазици брзо се проширија низ скелињата од бамбус на имотот во населбата Таи По попладнето, според „Саут Чајна морнинг пост“.
Станбениот комплекс, наречен Ванг Фук Корт, има осум згради и повеќе од 1.900 станови.
Претходно противпожарната служба го подигна противпожарниот аларм на второ највисоко ниво, број 4.
Се наведува дека уште неколку лица се заробени.
Фотографиите и видеата што кружат на социјалните мрежи покажуваат како кон небото се издигнува густ чад додека пожарот ја зафаќа зградата, а пожарникарите работат на ставање на огнот под контрола.
Операциите за спасување се во тек.