Hamdi Yıldız
13 Септември 2020•Ажурирај: 14 Септември 2020
РАМАЛА (АА) – Во Палестина, Комитетот за народен отпор повика следниот вторник да се прогласи за „ден на отфрлање од востаничкиот народ“ на договорот за нормализација на односите меѓу Израел и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), како и меѓу Израел и Бахреин, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во дадената изјава се наведува дека следниот вторник е прогласен за „ден на отфрлање на договорот од народот“ и дека палестинските знамиња ќе се веат низ целата земја.
Се нагласува дека тоа е израз дека договорот меѓу Израел и ОАЕ, како и меѓу Израел и Бахреин, е строго отфрлен од јавноста и дека не е прифатено во главните градови Абу Даби и Манама да се веат знамиња на окупаторот.
Од Бахреин минатиот петок беше соопштено дека е постигнат договор за нормализација на односите со Израел.
Претходно, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) објавија дека постигнале договор за нормализација со Израел.