Dmitri Chirciu
26 Мај 2020•Ажурирај: 27 Мај 2020
МОСКВА (АА) - Четири лица го загубија животот во несреќата што се случи при слетувањето на воен хеликоптер од типот „Mİ-8“ во регионот Чукотка на истокот на Русија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од руското Министерството за одбрана се наведува дека воениот хеликоптер „Mİ-8“ имал тешкотии при слетувањето за време на тренинг-летот во близина на аеродромот „Уголније Копи“ во регионот Чукотка.
Говорејќи за руската новинска агенција ТАСС, регионален претставник изјави дека при несреќата настрадал екипажот од 4 лица, а хеликоптерот се запалил по слетувањето.
Се проценува дека причината за несреќата се техничките проблеми во хеликоптерот.
Минатата недела 3 лица загинаа во главниот град Москва при слетување на воен хеликоптер од типот „Mİ-8“.