свет

Во напади на коалицијата под водство на САД во Сирија загинаа над 3.000 цивили

Во нападите на коалициските сили, извршени од 23 септември 2014 година досега, животот го загубиле 3.037 цивили, од кои 924 деца и 656 жени

Adham Kako  | 23.09.2019 - Обновена : 25.09.2019
Во напади на коалицијата под водство на САД во Сирија загинаа над 3.000 цивили

АНКАРА (АА) - Сириската мрежа за човекови права (СНХР) соопшти дека во нападите на силите на Меѓународната коалиција за борба против терористичката организација ДЕАШ под водство на Соединетите Американски Држави (САД), извршени во период од пет години во Сирија, смртно настрадале 3.037 цивили, пренесува Anadolu Agency (AA).

СНХР објави извештај по повод 5-тата годишнина од интервенциите на силите на Меѓународната коалиција за борба против ДЕАШ под водство на САД во Сирија.

Според овој извештај, во нападите на коалициските сили, извршени од 23 септември 2014 година досега, животот го загубиле 3.037 цивили, од кои 924 деца и 656 жени.

Како резултат на воената интервенција на коалицијата во Сирија, првата година загинале 249, втората година 398, третата година 1.753, четвртата година 432, додека петтата година загинале 205 цивили.

Рака е град во којшто има најголема загуба на животите на цивилите во бомбардирањата на коалициските сили, кои ѝ даваат поддршка на терористичката организација ЈПГ/ПКК.

Исто така, во нападите на коалицијата во Рака смртно настрадале 1.133, во Алепо 782, во Деир ез Зор 626, во Хасеке 218, во Идлиб 140, во Хомс 133, додека во Дера смртно настрадале 5 цивили.

- Извршени 172 масакри -

Според овој извештај, нападите во кои животот го губат најмалку 5 лица се сметаат за масакр.

Се наведува дека коалициските сили за пет години извршиле најмалку 172 масакри.

Коалицијата за борба против ДЕАШ во одредени напади што ги изврши од 23 септември 2014 година досега ги имаше како цел и цивилните населени места. Во овие рамки, цивилните центри, меѓу кои се училишта и пазари, биле бомбардирани најмалку 181 пат.

Како резултат на нападите на коалициските сили, во градовите како Рака, Деир ез Зор и Хасеке, над 560.000 цивили биле принудени да ги напуштат своите домови.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın