свет

Во напад во Авганистан загинаа двајца американски и еден авганистански војник

„Ваквите инциденти нема да му наштетат на „пријателството и на духот на соработка“ меѓу авганистанските и американските воени сили, кои ќе продолжат да се борат заедно против тероризмот“

Ekipa  | 09.02.2020 - Обновена : 10.02.2020
Во напад во Авганистан загинаа двајца американски и еден авганистански војник Фото: АА/Архива

КАБУЛ (АА) - Двајца американски војници и еден авганистански војник загинаа доцна синоќа во напад на лице преправено како припадник на авганистанските сили, потврдија авганистанското Министерство за одбрана и САД, јавува Агенција Анадолија (АА).

Министерството денес соопшти дека едно лице отворило оган врз припадниците на Авганистанската национална армија и американските сили во Шерзад, во источната покраина Нангархар, во кој загинал еден авганистански војник, а тројца се повредени. Животот го загубија и двајца војници на мисијата на НАТО „Одлучна поддршка“, а шестмина се повредени.

Делегација на високо ниво предводена од началникот на Генералштабот, генерал Бизмила Вазири, го истражува инцидентот заедно со американски тим.

„Ваквите инциденти нема да му наштетат на „пријателството и на духот на соработка“ меѓу авганистанските и американските воени сили, кои ќе продолжат да се борат заедно против тероризмот“, истакнаа од Министерството.

Полковникот Сони Легет, портпарол на американските сили во Авганистан, исто така го потврди нападот преку соопштение.

Силите на НАТО во Авганистан минатиот месец потврдија дека двајца припадници на американските сили загинале при пад на авион во покраината Газни. Претходно, на 11 јануари, најмалку двајца американски војници загинаа, а двајца беа ранети кога нивното возило од конвојот нагази на импровизирана екплозивна направа во јужната покраина Кандахар.

Од достапните податоци на мисијата на НАТО, минатата година во Авганистан загинале најмалку 20 американски војници.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın