Diyar Güldoğan
19 Септември 2017•Ажурирај: 20 Септември 2017
АНКАРА (АА) - Осумметарската статуа на Михаил Калашников, пронаоѓач на автоматската пушка AK-47 денес беше поставена во Москва, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Михаил Калашников е олицетворение на најдобрите особини на рускиот народ. Неговиот извонреден природен талент, едноставност, чесност и организациски талент, му овозможи да создаде цела линија оружја за заштита на татковината“, рече рускиот министер за култура, Владимир Медински“, објави руската новинска агенција ТАСС.
За време на неговото обраќање на церемонијата на свеченото откривање на статуата, Медински ја опиша пушката „Калашников“ како „вистински културен“ бренд на Русија.
Статуата може да се види на пресекот на улиците Садоваја-Каретнаја и Долгоруковскаја во централна Москва.
На Калашников, кој почина во 2013 година, на 94-годишна возраст, му беше доделен медал „Златна ѕвезда“ за херој на Русија во 2013 година.
Околу 150 различни видови стрелачко оружје беа дизајнирани под негово водство.
Сепак, AK47 (измислен во 1946 година) стана негова најпозната креација. Неговата сигурност, заедно со ниските трошоци за производство и продажба, го направија сеприсутен во конфликтните зони низ светот.