Sinan Doğan
24 Ноември 2022•Ажурирај: 25 Ноември 2022
БОГОТА (АА) - Во мексиканската држава Веракруз убиен е новинар додека се наоѓал во такси, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите објавени во мексиканските медиуми, оружен напад врз Педро Пабло Кумул, известувачот на весникот „АКС Нотисијас“ (AX Noticias), бил извршен во градот Халапа.
По примена дојава, безбедносните сили дошле на местото на настанот и констатирале дека Кумул е мртов.
Од друга страна, се соопштува дека од 20 ноември досега нема никакви вести од новинарот Франциско Хернандез, кој работи како водител во „Азукар ФМ“ (Azucar FM).
Интерамериканското здружение на медиуми го осуди убиството на Кумул и побара државата веднаш и сеопфатно да го расветли убиството и што е можно поскоро да се најде исчезнатиот Хернандез.
Аргентинецот Карлос Жорнет, претседател на Комитетот за слобода на медиумите, објави дека злосторствата врз новинарите во Мексико се удвоиле и дека повеќето од сторителите остануваат неказнети.
Според организацијата „Репортери без граници“, во Мексико се убиени над 155 новинари од 2000 година досега.