Zehra Ulucak
01 Јуни 2018•Ажурирај: 02 Јуни 2018
МЕКСИКО (АА) - Пред парламентарните избори во Мексико закажани за 1 јули, во атентат извршен во градот Сан Маркос, убиен е Родриго Саладо, кандидат за општинското Собрание, јавува Anadolu Agency (AA).
Институционалната револуционерна партија (PRI) на Мексико соопшти дека во градот Сан Маркос, во сојузната држава Гуереро, е убиен Родриго Саладо, кој бил кандидат за член во општинското Собрание.
Партијата упати апел за спроведување истрага во врска со смртта на нивниот кандидат, барајќи казна за сторителите.
Сојузниот обвинител соопшти дека Саладо бил убиен во неговото возило по отворениот оган од страна на вооружени напаѓачи.
Според извештајот за политичко насилство во Мексико за 2018 година, од почетокот на изборната кампања во септември па досега, извршени се 177 напади врз политичари, во кои, заедно со Родриго Саладо, животот го загубија 103 политичари.
На изборите во Мексико закажани за 1 јули, ќе се избираат повеќе од 3.400 политички позиции, меѓу кои и претседател на државата, парламентарци, сенатори и осум гувернери на држави.