Sinan Doğan
08 Јануари 2023•Ажурирај: 09 Јануари 2023
Во северниот дел на мексиканскиот главен град Мексико Сити дојде до судир на два метроа, при што животот го загуби едно лице, додека 57 лица се повредени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Властите соопштија дека два метро воза се судриле меѓу станиците Ла Раса и Потреро.
Се истакнува дека во несреќата смртно настрадало едно лице, додека повредени се 57 лица.
На местото на настанот се упатени бројни амбулантни и противпожарни тимови.
Министерот за безбедност на Мексико, Омар Гарсија, преку социјалните мрежи нагласи дека операциите за пребарување и спасување продолжуваат без прекин.
Како резултат на несреќата, прекинати се метро линиите, додека обвинителството започна истрага во врска со случајот.