Lokman İlhan
20 Јуни 2017•Ажурирај: 20 Јуни 2017
БОГОТА (АА) - Група вооружени мажи во колумбискиот град Ел Taра киднапира двајца новинари од Холандија, јавува Anadolu Agency (AA).
Колумбиските безбедносни сили вчера соопштија дека вооружени лица ги киднапираа новинарите Дерк Јоханес Болт и Eвгение Мари Ернест Фолендера, кои снимаа документарен филм.
Во споменатата област дејствуваат бунтовниците на Ослободителната национална армија (ЕЛН) и вооружени групи вклучени во трговијата со дрога, меѓу кои и Лос Пелусос.
Во соопштението се наведува дека се истражува можноста новинарите да се киднапирани од страна на групата ЕЛН.
Локалните медиуми ги сметаат членовите на групата ЕЛН одговорни за киднапирањето.
Во земјата е формиран кризен штаб со цел новинарите да бидат ослободени, а силите за безбедност во регионот испратија експерти за борба против киднаперите.
Многу организации за заштита на човековите права го осудија случајот во Колумбија и побараа ослободување на новинарите, колку што е можно поскоро.
Владата претходно предупреди дека мировниот процес ќе биде загрозен доколку групата ЕЛН продолжи да киднапира луѓе.