Mustafa Melih Ahıshalı
11 Мај 2020•Ажурирај: 11 Мај 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Во Иран утре се отвораат сите џамии што одреден период беа затворени поради новиот вид коронавирус, Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според иранската работничка новинска агенција ИЛНА, претседателот на Исламската агенција за известување, Мухамед Куни, истакнал дека во согласност со одлуката како резултат на преговорите помеѓу министерот за здравство и службените лица, од утре (вторник) сите џамии во земјата ќе бидат отворени, под услов да се почитуваат здравствените мерки.
Минатата недела во 132 „бели области“, кои се опишани како помалку опасни при епидемијата на Ковид-19, беа отворени сите џамии.
Ковид-19 во Иран за првпат беше евидентиран во градот Ком на 19 февруари, а потоа се прошири низ целата земја.
Заклучно со денес, бројката на починати поради Ковид-19 во земјата достигна 6.685, додека бројот на заболени достигна 109.286.