Mahmut Atanur
23 Ноември 2020•Ажурирај: 23 Ноември 2020
ЏАКАРТА
Во индонезиската покраина Северна Суматра обилните дождови поплавија 1.078 домови, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на веб-страницата „iNews“, обилните дождови вчера во регионот Лангкат предизвикале поплави на 11 подрачја.
Наведувајќи дека нивото на водата во различни подрачја е искачено на еден метар, официјалните лица истакнаа дека поплавени се 1.078 куќи низ целиот регион.
Во меѓувреме, граѓаните беа предупредени од можниот ризик од поплави поради постојаните врнежи од дожд во регионот.
Во Индонезија, која се наоѓа во екваторијалниот појас, поплавите и свлечилиштата се случуваат често, особено помеѓу октомври и април.