Zehra Ulucak
09 Август 2019•Ажурирај: 10 Август 2019
АНКАРА
Најмалку 6 лица го загубија животот во поплавите во државата Керала, југозападно од Индија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според каналот НДТВ, официјалните лица истакнале дека меѓународниот аеродром „Кочин“ во градот Кочи, поради обилните врнежи од дожд, е затворен до недела во 15:00 часот по локално време.
Претставници од Службата за управување со катастрофи од државата Керала соопштија дека 22.000 луѓе евакуирани од областите погодени од поплавите се сместени во 315 кампа отворени за помош на жртвите од поплавите.
Властите објавија дека најмалку 6 лица ги загубиле своите животи поради поплавите предизвикани од поројните дождови.
Државната влада издаде црвена тревога поради можноста од обилни врнежи во регионите Вајанад, Идуки, Малапурам и Кожикоде.
Властите истакнаа дека образованието е прекинато во 14 региони.
- 200 лица повредени во лизгање на земјиштето
Една куќа во регионот Вајанад, каде што живееле работници кои работат на нивите за чај, почнала да се лизга поради свлечиштето предизвикано од обилните дождови.
Властите истакнаа дека најмалку 150 лица останале под рушевините како резултат на лизгањето на земјиштето, а 200 лица се повредени.
„Воените единици, екипите на Националната служба за одговор при катастрофи и пожарникарите се упатија во регионите“, истакнаа властите, наведувајќи дека досега се спасени 60 лица и дека операцијата за спасување може да трае 12 часа.