Mehmet Nuri Uçar
17 Декември 2023•Ажурирај: 18 Декември 2023
РАМАЛА (АА) - Уште најмалку 5 Палестинци се убиени во израелските напади на подрачјето на окупираниот Западен Брег, со што вкупниот број на убиени на таа палестинска територија од 7 октомври досега се зголеми на 296, известува Анадолу.
Израелските сили изведоа напад со беспилотни летала врз бегалскиот камп Нур Шамс.
Палестинската агенција ВАФА објави дека во нападот се убиени четири лица, а повеќемина се ранети, додавајќи дека израелските сили извршиле и рација, приведувајќи повеќемина Палестинци.
Животот го загуби и лицето кое на 12 декември беше потешко ранет во израелските напади со беспилотно летало на бегалскиот камп Џенин на Западниот Брег, а кој се лекуваше во болницата Ер-Рази.
Според податоците на палестинското Министерство за здравство, бројката на Палестинци кои ги загубија животите во нападите на израелските сили и нападите на еврејските доселеници на окупираниот Западен Брег и на Кудс (Ерусалим) од 7 октомври досега се зголеми на 296.