Mohamed Majed,Ömer Erdem
22 Декември 2024•Ажурирај: 23 Декември 2024
ГАЗА (АА) - Најмалку 24 Палестинци се убиени во саботата во израелските напади врз Појасот Газа, известува Анадолу.
Портпаролот на Организацијата за цивилна одбрана во Газа, Махмуд Басал, потврди дека 20 Палестинци ги загубиле животите во израелското бомбардирање на различни делови на Појасот Газа што трае од утринските часови.
Израел, исто така, бомбардираше и област северно од бегалскиот камп Нусејрат, во централниот дел на Појасот Газа.
Во соопштението на болницата „Ал Авде“ се наведува дека во болница се пренесени телата на четворица Палестинци, од кои две се деца, кои се убиени во нападот на израелската армија врз куќа на северот на бегалскиот камп Нусајрат, при што има и 14 повредени.
Израел уби повеќе од 45.200 Палестинци во Газа, главно жени и деца, од 7 октомври 2023 година, а палестинската енклава ја претвори во урнатини.
На 21 ноември, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за приведување на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.