Hamdi Yıldız
25 Јули 2024•Ажурирај: 25 Јули 2024
ГАЗА (АА) - Во израелските напади на подрачјето Шеик Ридван на северниот дел на Газа се убиени четворица Палестинци, а голем број, вклучувајќи и деца, се ранети, јавува Анадолу.
Според палестинската новинска агенција ВАФА, израелските воени авиони извршиле воздушен напад врз бегалскиот камп Ал Бурејџ во централниот дел на Појасот Газа, а окупаторските сили отвориле интензивен оган врз источните делови на областа Зејтун со автоматско оружје од возила.
Израелските сили блокираа куќа во градот Ал-Карара, северно од Кан Јунис, во која беа сместени десет лица, меѓу кои и жени и деца.
Прекршувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот, Израел од 7 октомври врши континуирани напади во Појасот Газа, во кои досега загинаа речиси 39.140, а ранети се повеќе од 90.257 Палестинци.
Израел е обвинет за геноцид од Меѓународниот суд на правдата, кој му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине својата воена операција во јужниот град Рафа, каде што повеќе од милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да биде нападнат на 6 мај.