Во израелски напад во Џабалија убиено палестинско девојче
– Ексклузивни снимки прикажуваат израелски напад со беспилотно летало во кој е убиено палестинско девојче кое носело вода во Џабалија, северна Газа, во декември 2024 година

СКОПЈЕ (АА) – Ексклузивни снимки прикажуваат израелски напад со беспилотно летало во кој е убиено палестинско девојче кое носело вода во Џабалија, северна Газа, во декември 2024 година, јавува Анадолу.
На видеото обезбедено од „Ал Џазира“ се гледаат двајца мажи кои го подигаат нејзиното тело неколку моменти по нападот.
Од октомври 2023 година, израелската воена кампања во Појасот Газа усмрти речиси 61.900 Палестинци, при што енклавата е речиси целосно разрушена и доведена на работ на глад.
Минатиот ноември, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на премиерот Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант под обвиненија за воени злосторства и злосторства против човештвото.
Покрај тоа, Израел се соочува и со тужба за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради војната во Газа.