свет

Во израелски воздушен напад погодена повеќекатница во Бејрут

Нападот беше насочен кон зграда во областа Башура, која претходно беше идентификувана од израелската армија како цел

Aida Cako  | 18.03.2026 - Обновена : 18.03.2026
Во израелски воздушен напад погодена повеќекатница во Бејрут

БЕЈРУТ (АА) - Во израелскиот воздушен напад денес е погодена повеќекатна зграда во централниот дел на Бејрут откако армијата претходно издаде предупредување за евакуација на локацијата, јавува Анадолу.

Нападот беше насочен кон зграда во областа Башура, која претходно беше идентификувана од израелската армија како цел.

Снимките од местото на настанот го покажуваат моментот на уривање на градбата, додека густ чад и облаци од прав се шират низ околната област.

Израелската армија соопшти дека последните напади биле насочени кон локации за кои тврди дека ги користи групата Хезболах.

Овој напад доаѓа по израелските воздушни напади рано утринава врз станбени области во центарот на Бејрут, во кои загинаа шест лица, а 24 се повредени, според податоците на либанското Министерство за здравство.

Тие напади беа насочени кон апартмани во населбите Зокак ал-Блат и Баста ал-Фавка, а други напади беа пријавени во јужните предградија на градот.

Вчера Израел издаде наредби за евакуација и за жителите на Тир и палестинските бегалски кампови во близина, предупредувајќи дека ќе гаѓа локации за кои тврди дека ги користи Хезболах.

Хезболах започна со напади врз израелски воени локации на 2 март, како одговор на континуираните израелски напади и покрај договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Либан што стапи на сила во ноември 2024 година, како и поради убиството на тогашниот ирански врховен водач ајатолахот Али Хамнеи во заедничкиот американско-израелски воздушен напад на 28 февруари.

Израел ги засили воздушните напади врз јужните предградија на Бејрут, како и врз Јужен и Источен Либан. На 3 март Израел започна и ограничен копнен упад во Јужен Либан, по иницирањето на заедничката воена кампања со САД против Иран на 28 февруари.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.