Ekipa
17 Јуни 2019•Ажурирај: 19 Јуни 2019
МАЈДУГУРИ (AA) - Најмалку 30 лица загинаа, а 42 се ранети во низа експлозии во Борнео, на североисточниот дел на Нигерија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Тројца бомбаши самоубијци, маж и две жени, активираа експлозивни направи во продавници за чај во Кондуга“, изјави Усман Качала, директорот на Агенцијата за претрага, спасување и вонредни ситуации во Борнео (SEMA).
Тој додаде дека експлозијата се случила во вечерните часови во неделата, но дека синоќа не можеле да пристап на тоа подрачје.
„Утринава нашите луѓе излегоа на терен и можеа да потврдат дека 30 лица загинале, а 42 се ранети“, изјави Качала.
Тој додаде дека во нападот на самото место загинале 17 лица, а дека останатите починале поради неадекватните простори за пружање на медицинска помош во тој град, кој беше цел на низа напади, вклучувајќи и бомбашки, што ги извршија припадниците на терористичката организација Боко Харам.