Derya Gülnaz Özcan
28 Септември 2023•Ажурирај: 29 Септември 2023
АТИНА (АА) - Грчкиот регион Тесалија по втор пат за еден месец е зафатен со поплави, пренесува Анадолу.
На подрачјето на Тесалија поплавени се куќи, деловни објекти, земјоделско земјиште и патишта, особено во Волос, Пили, Лариса и Фарсала.
Многу патишта се затворени за сообраќај поради свлечишта. Поради обилните врнежи од дожд голем дел од Волос е без струја. Повторно е поплавена и болницата во Волос, а за граѓаните е издадено предупредување да не излегуваат од домовите.
Најмалку 17 лица загинаа во катастрофалните поплави што на почетокот на месецот го зафатија регионот на Тесалија.
Тогаш беа поплавени повеќе од 750.000 хектари земјиште, а тешко беа оштетени населените места, земјоделските површини и инфраструктурата во регионот.