Erbil Başay
29 Јули 2019•Ажурирај: 31 Јули 2019
БЕРЛИН
Мајка и 8-годишно дете, на Железничката станица во Франкфурт, во провинцијата Хесен, биле турнати под воз од едно лице. Mајката преживеала, a детето починало, пренесува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на полицијата во Франкфурт, Изабел Нојман, за новинарите изјави дека мајка и 8-годишно дете, кои чекале воз на Железничката станица, биле турнати под возот од едно лице.
Соопштувајќи дека дека мајката успеала да се спаси, а детето им подлегнало на повредеи, портпаролот Нејман рече дека 40-годишниот осомничен од африканско потекло, кој сакал да избега по настанот, бил фатен во близина на Железничката станица и однесен во полициска станица.
Според информациите на германските медиуми, осомничениот е од Еритреја и се обидел да турне и друго лице под возот, но не успеал да го стори тоа.
Во соопштението од Германската железница (Deutsche Bahn) се истакнува дека по инцидентот имало нарушување во возниот ред и некои перони привремено биле затворени.
Во Германија на 20 јули, почина 34-годишна жена која беше турната пред возот во градот Воерде, Северна Рајна Вестфалија.